Carrier cassette inverter касетни единици имаат 360o дизајниран панел со кој се овозможува циркулација на воздух низ целата просторија. Компактната внатрешна единица овозможува висок капацитет на ладење и греење и при екстремни надворешни услови. Вградената пумпа за кондензат ја олеснува монтажата.
Посебната изведба на уредот дозволува лесна пристапност до сите компоненти при одржување на системот.
Сите уреди имаат заштита од неправилно електрично напојување во опсег на напон (168 до 264 V). Auto Restart опцијата која е фабрички вградена овозможува непрекината работа на уредот. Внатрешната единица има слободни сигнали за користење во случај на аларм, системот да испрати сигнал до централна контролна управувачка единица.
Carrier е американски и светски лидер во областа на климатизација со традиција поголема од 100 години. Основан од пронаоѓачот на модерната климатизација, Carrier е лидер во светот за системи за греење, ладење и климатизација и нуди одржливи решенија, интегрирани енергетски ефикасни производи, менаџирање со системи за централна климатизација и енергетски ефикасни системи за станбени и комерцијални објекти.
There are no reviews yet.