Toshiba Estia топлински пумпи – воздух/вода сплит инвертер изведба Series 5 се произведени во Јапонија, а дизајнирани за европскиот пазар.
Ја користат Super Digital inverter серијата со Toshiba twin-rotary компресори со перфектна регулација на моќноста од 10 ÷ 100% постигнувајќи врвна заштеда на електрична енергија. Инвертер компресорите работат со намален број на вртежи при различни оптоварувања со што и потрошувачката на електричната енергија е помала.
Идеални во комбинација со подно греење Ι вентилаторски конвектори Ι радијатори Ι бојлер за санитарна топла вода Ι фотоволтаичен систем Ι соларен систем.
Почнувајќи од 2009 година со првата серија на Toshiba Estia Series1 топлинските пумпи, кои се уште овозможуваат врвни перформанси и после 14 години, Estia е синоним за врвен квалитет кај многу семејства и во многу комерцијални објекти ширум Европа и во повеќе од 300 инсталации во Македонија – повеќе информации
Estia топлинските пумпи се карактеризираат со издржливост и трајност, работејќи и при ниски надворешни температури до -25°C надворешна температура овозможувајќи сигурно греење, производство на санитарна топла вода и ладење во летниот период.
Можност за поврзување до 8 топлински пумпи во серија и добивање на централен систем со капацитет на греење од 128 kW топлински капацитет.
Сертификат за квалитет од Keymark, EHPA + 60 месеци гаранција на компресорот и 36 месеци гаранција на топлинската пумпа.
Побарајте стручен совет од нашиот тим на инженери за вистинско решение на Вашиот простор за греење/ладење и ниски сметки за електрична енергија.
There are no reviews yet.